Со свој став на фејсбук по однос на денешниот “Отчет” на Владата на Република Македонија за сработеното во изминатата една година откако е конституирана како највисока извршна власт во државата под раководство на Зоран Заев.
Во текстот именуван како “Сенишни сеништа” професорот се осврнува на промашената реторика во однос на набројувањето и нумеризацијата на 365-те промени кои Премиерот Заев ги сдпомна во своето обраќање.
На денешниот владин отчет доминараше оптимистичкиот дух, резимиран во тезата дека за последните 365 дена се оствариле 365 промени, неразбирајќи дека проблемот не е во бројот на промените, туку во нивниот квалитет. Имено, ако се случиле 365 лоши промени, толку полошо за промените, за Владата и, особено, за народот кој сето тоа треба да го поднесува.
го започнува својот став Професорот Цуцуловски.
Исто така Професорот се обраќа и кон ВМРО-ДПМНЕ нивната парола пласирана во јавност пред претстојниот протестен митинг во Сабота на 2-ри Јуни пред Владата на Република Македонија.
Од друга страна, во духот на предмитингашкото расположение, ВМРО-ДПМНЕ извикува „Македонија може!“, неводејќи сметка дека Македонија, без Македонците, е ништо, дека е празна апстракција. Односно, дека Македонија, само по себе, ништо не може, исто онака како што ниту една партија, без нејзиното членство, ништо не може. Одземето ѝ го членството на една партија и таа останува празна апстракција.
Прочитајте го интегрално во целост ставот на Професорот Љубомир Цуцуловски од Филозофскиот факултет во Скопје во продолжение.