БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот на Делчево, Трајковски на Рамазанска Ифтарска вечера во џамијата во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковсаки заедно со Претседателот на Советот на Општина Длечево Драган Маневски, пратеничката во Собранието на Република Македонија заедно со дел од своите најблиски соработници присуствуваа на традиционалната Рамазанска Ифтарска вечера заедно со претставници на Исламската верска заедница при џамијата Мехмет Фатих II од Делчево.

По овој повод Градоначалникот Трајковски истакна:

 На мене како градоначалник на Општина Делчево и претставниците од локалната самоуправа ни претставува огромна чест што не поканивте да бидеме дел од оваа Ваша убава традиција по повод Рамазан, месец на добрина, милост, љубов и простување. Затоа сакам да ја искористам можноста и од овде да испратам порака за соживот, за мир, меѓусебно разбирање и толеранција помеѓу нас.

Од името на “Брегалнички” упатуваме искрени пораки за хармонија и духовен мир по повод овој верски празник за припадниците на исламската вероисповест.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Напомена:

Изјавата на Градоначалникот и фотографијата во оваа статија се превземени од Службениот интернет портал на Општина Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace