Видео со траорна атмосфера и сведоштва на граѓани на Општина Карбинци денеска во јавноста сподели Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина, Виктор Паунов.
На видеото може да се погледнат сведоштва на граѓани на село Радање за нереализирани ветувања во однос на обезбедување на чиста вода за пиење но и официјална изјава на Градоначалникот дека водата била чиста за пиење, за опожарената училишна зграда која не е санирана, за загадената вода за пиење за децата во општинското училиште, за уништувањето на националните симболи, за непотизмот во општината кој го спроведуваат локалните власти, за излажаните земјоделци, за сериозноста при работењето со јавните претпријатија, за скандалот со концесијата за ископ на песок и протестот на жителите на Карбинци….
На крај на видеото е објавена пораката:
2 години неработа-измами неспособност СДСМ Карбинци

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември