Во продолжение ја пренесуваме реакцијата до јавноста на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип која што пристигна до нашата редакција а во врска со немилиот настан во кој беше опожарено едно патничко возило во раните утрински часови:
“Црна хроника не‘ осамна и ова утро. Повторно сведочиме на пресметка, која наликува на сцени од Дивиот запад. Палежите на 20 коли за една година ни станаа секојдневие, а МВР се‘ уште не излегува со известување пред граѓаните до каде е со истрагата и дали воопшто има осомничени во овие случаи.
Меѓутоа, прашуваме:
Дали можеби денешниот случај е последица на претходното палење минатата недела?
Дали постои поврзаност меѓу запалените возила?
Дали ОО СДСМ Штип повторно ќе го обвини ВМРО-ДПМНЕ?
Овие, а и други прашања, потребно е да бидат одговорени. Црнилата кои ни се сервирани од владеачката парија мора да престанат! Кражбите, запалените возила, нерасчистените убиства, криминалот ни станаа секојдневие со доаѓањето на власт на оваа партија. Бараме расветлување на сите случаи и одговори од раководните структури во партијата и МВР раководено од СДСМ!”
-соопштуваат од Центарот за комуникации на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДРЗ алармира за огромен број суштински и технички проблеми во работењето на ЈКП “Брегалница” Делчево
По изгласување за нов в.д. градоначалник на Кочани Венко Крстевски прва соработка остварува со градоначалникот на Струмица
27 годишен жител на Македонска Каменица осомничен дека ширел расистички и ксенофобичен материјал на интернет