БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

5 највлијателни гитарски албуми според гитаристот на Секс Пистолс, Стив Џоунс

Пренеси го гласот

Знам дека ако бевте во Њу Јорк во 76-та или во Детроит во 68-ма или пак во Сиетл во 64-та ќе мислевте дека е шега дека Секс Пистолс го измислија Панк-Рокот но како и да е….

Важно е ова: Never mind the bollocks е полн со навистина револуционерни песни кој што не само што го промени начинот на кој што луѓето изгледаа, звучеа и се осеќаа, туку исто така и сега звучи сурово и живо исто како и во времето кога беше снимен албумот.

-вели Стив Џонс, гитаристот на легендарните Секс Пистолс.

Гитаристот на легендарната панк-рок група, Стив Џонс кој е и музички радио ДЏ ги избра своите највлијателни пет гитарски музички албуми кои влијаеле на неговиот живот:

5.Албумите “Рокси Мјузик” и “За ваше задоволство” на групата Рокси Мјузик (Roxy Music – Roxy Music (1972) & For Your Pleasure (1973))

Многу тешко е да се избере кој албум. Фил Манзанера (Phil Manzanera ) е одличен гитарист и создаде неколку навистина добри музички дела.

4. Албумот “A Nod Is as Good as a Wink…to a Blind Horse” (1971) на бендот Лицата (The Faces)

Што се однесува на гитара го сакам овој албум со Рони Вуд чиј што звук го сакам отсекогаш.

3.Iggy & the Stooges – Raw Power (1973)

Според овој албум научив да свирам гитара. Овој албум за мене беше нешто навистина големо. Џејмс Вилијамсон е така добар гитарист, навистина. Имаша навистина уникатни рифови. Многу поразлични од Рој Ашетон кој што технички не е најдобар гитарист, туку фантастичен и сепак голем.Ништо не сакам да му одземам-неговите рифови, неговите солажи и неговиот дух и начинот на кој што свиреше гитара е навистина добар. Но Џејм Вилијамсон технички е многу подобар гитарист. Тој свирејќи правеше многу работи но не го губеше штимунгот.

 

2.New York Dolls – New York Dolls (1973)

Првиот албум на New York Dolls е исто така албум по кој учев да свирам гитара.

1.Queen – Queen (1973)

Го обожавам првиот албум на Queen. Кога зборувам за гитарски албуми овој албум е особено важен. Едноставно е толку добро продуциран со навистина големи песни. Не можев да престанам да го свирам овој албум кога првпат го добив. И ми се допаѓаше фактот  за овој албум кој велеше дека нема синтисајзери на него. Поради некоја причина тоа остана запечатено во мојата глава.

Креирано од:


Пренеси го гласот