Врз основа на информации доставени до нашата редекција од страна на засегнати родители, ги алармираме надлежните институции и целокупната јавност во Делчево и пошироко за недостигот на информации во врска со набавка на ученички униформи во Средното Општинско Училиште Методи Митевски Брицо во Делчево.
Според доставените информации од страна на укажувач кој што бара да биде анонимен согласно законот за укажжувачи, станува збор за сомнителна набавка на ученички униформи за потребите на наставниот процес во оваа гимназија во Делчево.
Имено од посведочената ситуација која што се случувала набавени се униформи за учениците во гимназијата за кои што во јавноста нема информација на кој начин се набавувани па останува голем шпекулативен простор меѓу родителите кои што плаќаат за ученичките униформи.
Не е јасно
-на кој начин и од чија страна било утврдено дека учениците треба да носат ученички униформи?,
-на кој начин, од кого и дали била спроведена транспарентна постапка за прибирање на понуди за набавка на униформите?,
-Од кој добавувач и по која цена се набавени униформите?,
-на кој начин биле прибирани парите за набавка на униформите и на кој начин биле исплаќани на сметка на добавувачот,
-дали сумата која е плаќана е реална и дали сите ученици имале пари да платат за униформите,
-зошто не е спроведена поевтина варијанта како што пред неколку години предлагаше поранешниот директор на гимназијата да се набави соодветен материјал а учениците во рамки на текстилната струка сами да ги сошијат униформите што би било многу поевтино и со поголем однос на одговорност на учениците кон своите униформи???

Принтскрин: Извадок од стенограмот од 13 Седница на Советот на Општина Делчево од претходниот состав 2017-2021 година одржана на 04.09.2018 година со исказот на поранешниот директор на гимназијата кој се однесува на предлогот за набавка на поевтини униформи.
Прашањето кое се наметнува во јавноста а особено помеѓу родителите кои од семејниот буџет требало да издвојат значителна сума на пари за ученички униформи, е зошто не е спроведена таа идеја која ја дал претходниот директор на гимназијата?
Дополнително симптоматично е што за реализираната набавка на ученички униформи за учениците во делчевската гимназија беше споделена информација на фејсбук страницата на училиштето, која што за неколку часови беше повлечена од јавност потоа. Текстот на објавената па избришаната објава на фејсбук страницата на училиштето е следен:

По ваквата постапка се наметнува прашањето кој дал наредба оваа објава да биде избишана и зошто?
Главното прашање околу кое се сите сомнежи е на кој начин е избрана фирмата добавувач? Понатаму во интерес на локалната заедница се наметнува прашањето дали во процесот на утврдување на најповолен понудувач (доколку бил спроведуван) се информирани делчевски текстилни фирми за реализација на ваквата набавка?
Многу прашања и дилеми!
Со оглед на сериозноста на информациите доставени до нашиот интернет портал од страна на укажувачот упативме повеќе прашања до менаџментот на СОУ “М.М.Брицо” во Делчево преку нивнoто службено електронско сандаче [e-mail]: sou-metodijamitevskibrico-delchevo@schools.mk, со цел расчистување на дилемите како и за објективно информирање на јавноста.
Иако поминаа повеќе од 24 часа од доставените прашања од јавен интерес, сепак до објавување на оваа статија не добивме повратно одговор од надлежните во ова училиште.
Текстот на пораката со која ги упативме прашањата до СОУ “М.М.Брицо” е следен:
“Почитувани,
до нашата редакција пристигнаа повеќе шокантни информации во врска со набавката на ученички униформи за учениците во Вашето училиште.
Во интерес на објективно информирање на јавноста сакаме да Ви ги поставиме сл. прашања по согласно Вашите информации објективно да ја информираме јавноста, родителите и сите граѓани на општината:
1.На кој начин Вашето училиште утврди дека се потребни ученички униформи за учениците во Вашето училиште?
2.Која е фирмата која ги добавила ученичките униформи?
3. На кој начин беше избрана фирмата добавувач на униформите?
3.Дали имало постапка за доставување на понуди?
4. Дали имате формирано комисија за оценување на понудите и кои луѓе биле членови на таа комисија (доколку ја имало)?
5.На кој начин биле прибирани од учениците парите за набавка на ученичките униформи на фирмата добавувач?
6.На кој начин се уплаќани/исплаќани парите за фирмата-добавувач на ученичките униформи?
7. Од што се состојат ученичките униформи (од кои составни делови?) и колку пари чини секој посебно дел од ученичката униформа?
8. Зошто информацијата за набавка на ученички униформи е повлечена од Вашата фејсбук страница (print screen на повлечена објава во прилог на оваа порака)
Во очекување на Вашите одговори,
Со почит”
Со цел заштита на јавниот интерес како и угледот на оваа делчевска образовна институција, упатуваме јавен апел до надлежните органи да го проверат овој случај за набавка на ученички униформи и за истиот соодветно да ја информираат јавноста дали се запазени сите законски процедури за спроведување на набавката на униформите.
Додека голем број градоначалници ширум Македонија со оглед на лошата финансиска состојба во државата, за учениците во нивните училишта обезбедуваат бесплатни ученички униформи, во делчевската гиманзија се прибирани огромни суми на пари и исплаќани на фирмата добавувач на сметка на семејните буџети на родителите.
Делчевската гимназија во изминатите неколку месеци беше дел од скандал за дискриминација на свој вработен, за што ја алармиравме јавноста: Дискриминација во образованието во Делчево: Утврдена продолжена дискриминација врз професор вo делчевската гимназија .
Делчевската гимназија исто така стана позната во јавност што за свој вработен има исплатено 3500 денари како плата: Во делчевската гимназија е исплатена плата на професор од 3500 денари, алармираат од ВМРО-ДПМНЕ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сања Пановска е дел од “Најдоброто на Делчево”. Градоначалникот Гоцевски рече дека таа е инспирација за сите млади луѓе кои сакаат да бидат научници
Најава за презентација на активности од проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ во Кочани
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени во Кочани