“Нема недела да помине а нашата гимназија да не ја стресе некој нов скандал!
Во текот на претходната недела Министерот за образование и наука Jeton Shaqiri јавно го прозвавме и поставивме неколку прашања на кои побаравме тој да одговори и кои се поврзани со нашата гимназија СОУ “Методи Митевски-Брицо”.
Денес, НОВ СРАМЕН ДЕН ВО ПОСТОЕЊЕТО НА НАШАТА ГИМНАЗИЈА!
До нас како народна и сериозна партија стасаа информации дека деновите е исплатена НАЈНИСКАТА ПЛАТА ВО ИСТОРИЈАТА НА НАШАТА ГИМНАЗИЈАТА!
ПРОФЕСОР, КАКО ШТО НЕ ИНФОРМИРААТ УКАЖУВАЧИ, ДОБИЛ СРАМНО НИСКА ПЛАТА од 3500 денари!
Ние во таков срамен случај нема повеќе да се занимаваме ниту со Министерот за образование и наука Jeton Shaqiri, ниту со градоначалникот на СДСМ во чии ингеренции е гимназијата, Горан Трајковски!
А најмалку пак со директорката на нашата гимназија!
Затоа што нејзиното работење и состојбата во нашата гимназија е слика за состојбата во институциите со кои раководат веќе споменатите двајца.
Денес, го прозиваме јавно директорот на ДПИ Halit Ferati, кој е одговорен за спроведување на законите во воспитно образовните установи!
ЈАВНО БАРАМЕ ДА ГО ИСТРАЖИ ОВОЈ СКАНДАЛОЗЕН СЛУЧАЈ!”

-Реакција упатена преку фејсбук на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сања Пановска е дел од “Најдоброто на Делчево”. Градоначалникот Гоцевски рече дека таа е инспирација за сите млади луѓе кои сакаат да бидат научници
Најава за презентација на активности од проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ во Кочани
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени во Кочани