Сакам да укажам на важноста на моментот од кој произлезе и самиот наслов на оваа теренска активност, а тоа е „Важно е!“. Важно е од тебе, од вас зависат промените, важно е да се запали црвената сијаличка, веќе не сме 5 до 12, можеби е 12 и 30 и сега е вистинскиот момент да сите ние направиме нешто за иднината на нашата татковина Македонија,
-соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вчера на средба со граѓани во Миравци во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените!“
– Ќе има многумина кои ќе сакаат да ве демотивираат, да ве обесхрабрат, ќе има многумина кои ќе ви велат дека „секако ВМРО-ДПМНЕ победува, до мојот ли глас дошло?“. До секој еден глас е дојдено, до секој еден човек е дојдено затоа што следните избори и претседателски и парламентарни се референдумско изјаснување во која насока ќе движи Македонија и каква иднина ќе има Македонија, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека прашањето е дали сакаме ваква предводена од СДС и ДУИ полна со криминал, корупција, политички криминалци кои наместо да гледаат за иднината на својот народ, гледаат само за сопствената иднина и џеб или иднина која ВМРО-ДПМНЕ ја ветува со јасен план за развој и економски просперитет.
– Дали иднината повторно ќе продолжи да ни биде онаква каква што изминативе години ја симболизира преку она што се симболизира преку она монструозно и грозоморно дејство на Клиниката за Онкологија, каде поединци на маката на луѓето печалеле или иднина која ние ја нудиме со јасен план и визија за едно модерно вистинско здравство кое ќе одговори на потребите на граѓаните, потенцираше Мицкоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за Претседател на суд и Судски администратор
Претставени придобивките од билкарството преку проектот „Вештини – клучот на зелената економија“
Велковски во посета на Центарот за социјална работа во Велес: Помошта да стигне до оние на кои им е најпотребна