БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се уште има луѓе кои сакаат да ја видат Македонија како успешна приказна на Балканот

Времето на криминалците и бандитизмот ќе заврши на еден или на друг начин Кога неколкумина се богатат, на грбот на народот, таквите ќе останат најсиромашни-презирани-отфрлени-омразени.... Се уште не е дојдено времето кога бандитите и криминалците во Македонија ќе почнат да се пресметуваат меѓу себе, затоа што просторот за нивно делување се стеснува а пари снемува во државата.
Пренеси го гласот

Во Македонија царува шверцот со опојни дроги, цвета коцкарскиот бизнис а каде има дрогаи коцкање има и оружје и проституција. Музичките спотови создаваат перцепција дека е кул да се биде мафијаш, како мафијашите ги имаат најубавите девојки, најлудите автомобили, сите удопства….

Состојбата е готова да експлодира, но мнозинството народ е во општо бунило- неподготвен за динамичните процеси кои се случуваат во општеството.

Затоа мора државата да ги покаже своите институционални капацитети да ја спречи ваквата фаза на “развој” во нашата околина. Овој криминал, бандитизам, грабежи на јавните ресурси кои што преку ноќ создаваат “средно богати бизнисмени” со хотели и казина на плоштад, со фирми за перење пари кој знае на кои Девствени острови мора да престане во спротивно не ни бега бугарско или српско сценарио на пресметка на криминални кланови по улиците на нашите градови. Сите политичари-печалбари кои измолзеле ќеш од јавните ресурси многу бргу се трансформираат во бизнисмени за кои не важат вообичаените правила на економска компетитивност и саморегулација на пазарот. Од позиција на разграбан државен буџет лесно е да се биде бизнисмен и да се прават инстант инвестиции во профитабилни бизниси. Но така се уништува суштинското стопанство, металургија, градежништво, производството на храна, производството на производи без кои не се може во животот.

Транзицијата на политичари-печалбари во приватни бизнисмени е неприроден и штетен начин за водење економија!

Како резултат на ваквиот тренд пропаста на земјоделието во Македонија е евидентна! Пропаста во текстилниот сектор е почната… Градежништво веќе и да не постои што може да се согледа со случаите со “Синохидро” и со “Бехтел и Енка” кои што се почеток на крајот на долгата традиција на Македонско градежништво.

Пропаста во образованието, правниот систем, даночниот систем, здравството, безбедноста се во завршна фаза како резултат на уништувањето на реалниот сектор.

Македонската држава реално е финансиски пропадната држава. Економската пропаст се рефлектира на наталитетот, како и миграцијата и исселувањето.

Моментално во Македонија царува коцкарскиот бизнис, фармацевтската индустрија, шверцот на опијати, проституцијата….

Тоа е доволен индикатор за АЛАРМ кај оние што се уште сакаат да ја видат Македонија како успешна приказна на Балканот….

bregalnickimarketing

ФОТО: Поглед кон влезот на општинската администрација во Делчево каде што во радиус од 200 метри има над 10-тина коцкарници, основно училиште, библиотека, неколку кафеани….

ПС. Нешто сериозно не е во ред со главите на политичките лидери кои што го дозволуваат ваквиот тренд во Делчево кое кога ќе се испразни од народ ќе останат да живеат сами како сеништа со нивната успешна политичка приказна….

ППС. Веќе не е прашање на криминал кој е нормалност во оваа наша реалност, веќе станува збор за основно човечко чувство за себепочит!

Фејсбук објава на Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот