Луѓе како Бојан Маричиќ доаѓаат на политичката сцена во Македонија во улога на најбезобразни трговци, правар ршум каде стигнат, товараат “магарето” и заминуваат среќни и весели кон зајдисонцето, носејки притоа со себе дебели пљачки и конта во банките… Ваквите разбрани трговци немаат ништо свето а најмалку имаат почит кон сопствениот збор.
Лагите со кои дојдоа на власт во 2017 година треба да бидат лекција за секои наредни избори кои што во нашата распарчена демократија се нужност и неопходност. Подобра иднина може да дојде само со проверени луѓе, со луѓе кои што имаат дела зад себе, луѓе на кои дадениот збор им е светост. Нема простор за лекомисленост и вакви недоквакани авантури повеќе.
Македонија има силни, мудри и способни луѓе кои што знаат и умеат да ја извадат од оваа бездна во која се најдовме најмногу поради оние кои веруваа на ваквите зборови на Бојан Маричиќ и неговата банда измамници кои ја вратија Македонија на ниво на афричка држава од пред 30-тина години.
Секој има право на избор! Секој треба да го направи ониј избор со кој интимно верува дека можат да дојдат подобри времиња. За тоа е потребно многу работа, силна екипираност, визија и знаење. Пасивноста во вакви времиња не е одговор, ниту пак емотивноста и суетите. Сите заедно треба да обезбедиме подобра иднина за себеси и за заедницата во целост.
Фејсбук објава на Кирчо Анастасов
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривична пријава за „несовесно работење во службата“ против двајца вработени во ЈП „Национални шуми“
Специјалните полициски единици спасија две момчиња од водите на Мавровското езеро
Кривична пријава против прилепчанец за „производство и дистрибуција на детска порнографија“