БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Спасовски исплатил над 16 милиони евра за 4 години по основ на тужби против МВР

Пренеси го гласот

Оливер Спасовски од позиција на министер за внатрешни работи исплатил од 2018 до 2022, од буџетот (читај наши народни пари) вкупно 1.015.610.894ден или повеќе од 16.000.000€ само по основ на тужби!

Во овој период се поднесени 15.982 тужби, а усвоени се 8.046, кои доминантно се однесуваат на прекршување на правата на работниците/полицајците по разни основи и неисплатени издатоци…

Доколку овие обврски биле навремено реализирани од работодавецот/министерот и во согласност со ЗРО и колективниот договор, државата ќе заштедела најмалку половина од овие средства, затоа што во голем дел средствата се исплатени по основ камати, адвокатски услуги, судски рочишта и административни трошоци.

И ова е еден маѓепсан круг кој никогаш не запира, ќар имаат поединци, зијан се сите даночни обврзници, но ОДГОВОРНОСТ НЕМА!!!

Овој однос на Спасовски и сите останати кои поради сопствени хирови и (не)намерни грешки исплаќаат огромни суми народни пари мора да запре!
Ова се 16.000.000€ кои би се искористиле за нови сали, игралишта, училишта, и затоа мора да има одговорност за секој еден кој не ги почитува и прекршува законите, подзаконските акти и колективните договори.

Затоа е #Важно да падне оваа ненародна власт, а овие функционери кои плаќаат нивни грешки од народни пари да сносат одговорност!

Фејсбук коментар на пратеникот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот