БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

2 години од локалните избори во 2021 година: Резултати од владеењето на Горан Трајковски и СДСМ во Делчево

Шест години градоначалник (две години од втор мандат) Горан Трајковски. Две години мнозинство во Советот на општина Делчево на СДСМ
Пренеси го гласот

Изминатите две години од мандатот на актуелниот градоначалник Горан Трајковски поддржуван од мнозинството советници на СДСМ во Делчево се исполнети со излажани граѓани, со неспособност на локалните институции и целосен колапс на општествените дејности во општина Делчево.

Делчево не е пристојно место за живеење како што ветуваше Горан Трајковски во 2017 година!

Поминува неговата 6 година како градоначалник:

-Делчево е се попразно, делчевчани при секоја можност бегаат од Делчево!

-Локалните бизниси тонат, невработеноста расте, стандардот за живеење опаѓа, куповната моќ опаѓа, сиромаштијата расте, немање на било каква идеја или волја за поддршка на Локалниот Економски развој (ЛЕР)!

-Животната средина е унакажана, ѓубре, отровни гасови, загадени реки, опустошени шуми, кучиња скитници, запуштени и уништени јавни површини, дехуманизиран град и села во општина Делчево,

-Локалните институции се во општ хаос и проблеми во секојдневното работење, партизацијата на институциите е во најжесток замав, притисоците врз вработените се огромни, резултатите во работењето минимални (секоја чест на пожртвуваните исклучоци),

-Младински политики само на хартија, без конкретна имплементација на релевантни проекти и мерки,

-Нарушена безбедност со видливи индикатори за постоење на дрога низ Делчево, сообраќаен хаос, длабоки поделби помеѓу делчевчани, казина и коцкарници на цекој ќош, малолетници низ кафеани и кафичи со алкохол, никаква регулација на работно време на местата каде се служи алкохол, индикатори за постоење на проституција,

-Затвореност на општинската управа за медиуми, селективност во информирањето, ограничување на информации, намалено ниво на демократија, оневозможување на администрацијата да комуницира со јавноста, диктатура и едноумие во информирањето на граѓаните,

-Девастирана култура, непостоење на вистински забавен живот, минимална поддршка за афирмација на традицијата,

-Образование на маргините на преживувањето на наставничкиот кадар со намален број на ученици каде исто така важи бруталната партизација и пресм,етка со неистомислениците,

-Туризам?????- Фиктивна именка во ошштина Делчево,

-Инфраструктура??? За инфраструктурата ќе посветам пократок текст кој што нема да набројувам што се не е реализирано а е ветено од Горан Трајковски, затоа што ќе ми треба повече време. Само ќе истакнам дека изградбата на инфраструктурата во Делчево станува огромен проблем за одржливоста на функционална општина. Трошењето огромни пари на несуштински проекти станува особен проблем со оглед на намалената приходност во општинскиот Буџет- поради уништената економија, поради што е потребно мудро и паметно насочување на финансиите за реализација на СУШТИНСКО-РАЗВОЈНИ ПРОЕКТИ од една страна и обезбедување на човечки живот за делчевчани по населбите каде што ивеат од друга страна. Во 2023 година дел од делчевчани се уште мака мачат со пивка вода за нивните домови, калта и прашината се секојдневие, фекалната канализација е пуста желба на одредени семејства, реката Брегалница е мртва река после испустот на колекторот од двете страни на нејзините брегови, недостигот на атмосферската канализација предизвикува свлечишта, поплави, итн. итн.

ПОТРЕБЕН Е ОПШТ НАДПАРТИСКИ ДИЈАЛОГ И ПРИОРЕТИЗАЦИЈА НА ОГРАНИЧЕНИОТ ФОНД НА ФИНАНСИИ ВО УСЛОВИ НА ОПШТА КРИЗА ВО ОПШТИНАТА И ДРЖАВАТА. ИСТО ТАКА Е ПОТРЕБНО ОПТИМАЛИЗАЦИЈА НА ПАРИТЕ ШТО СЕ ТРОШАТ ЗА НЕПРОДУКТИВНИ РАСХОДИ: ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА, СЛУЖБЕНИ ШЕТАЊА, РЕПРЕЗЕНТАЦИИ, ХОНОРАРИ ЗА ГЛУПОСТИ, ФИНАНСИСКИ НАГРАДИ ЗА ПАРТИСКИ ПОСЛУШНИЦИ, ИСПУМПУВАЊЕ НА ПАРИ ПРЕКУ СОМНИТЕЛНИ ТЕНДЕРИ ИТН.ИТН.

Во прилог извадоци од програмата на Горан Трајковски со која ја доби довербата на граѓаните на Делчево за негов втор мандат кој што е на половина.

Вистинската моќ на граѓаните на Делчево е во СЛОБОДНО изразена политичка волја на избори. Секој еден делчевчанец е заслужен за ова лошо секојдневие во кое преживува нашиот град. Волјата на наредните избори е таа што може и мора да обезбеди подобра иднина за Делчево и сите сограѓани. Само гласно искажан став може поразот да го претвори во победа! Од секој поединец зависи иднината на Делчево.

Фејсбук коментар на Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот