Во 2002 година според тогашниот попис општина Делчево броела 17.713 жители.
Намалувањето на популацијата во Делчево и целиот краен исток на државата има тенденција да се продлабочува што се рефлектира врз економските, образовните, здравствените, културолошките и воопшто демографските карактеристики на источна Македонија.
Актуелната власт на СДСМ и ДУИ нема решение за ваквата погубна состојба!
Потребни се одговорни политички елити, многу анализи, многу планирања, многу труд и работа за да се промени ваквиот надолен тренд на изумирање на овој дел од Македонија.
За тоа се потребни силни интелектуални, искуствени, трудољубиви, чесни и достоинствени човечки капацитети кои што знаат, можат и сакаат да донесат искра надеж која ќе распламти во повторен подем на развојот во Делчево и овој дел од Македонија.
За да дојдат вакви луѓе на позиција да влијаат позитивно на промените во Делчево и државата, во денешни услови на актуелен политички систем и државно уредување, потребно е мнозинството граѓани преку своја јасно и гласно декларирана волја на наредни избори тоа да го изрази преку избор на свои политички претставници кои сакаат и можат да ја изнесат нашава држава од калта на мувлосаното блато во кое се наоѓаме а кое го разјадува Македонското национално ткиво!
Демократијата подразбира право на избор! Тоа што ќе избереме како народ, како заедница, како општествени групи и поединци- таква ќе ни биде и иднината. Тоа е наша право, наша моќ, не треба да дозволиме како генерација Македонци некој да ни кажува поинаку!
Пишува: Кирчо Анастасов

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Прогласи на ѕидот
СВИЖДАНЕ
Последниот пишувач на љубовни писма