Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Делчево изумира! Тоа што ќе избереме како народ- таква ќе ни биде и иднината

Пренеси го гласот

Делчево изумира! Снемува луѓе-Македонци….

Според пописот од 2021 година во Општина Делчево (градот и селата) има 13.585 резидентни жители како и 1.240 нерезидентни жители. Од 2021 до денес овие бројки бележат уште по драматични промени во споредба со годините пред тоа.

Во 2002 година според тогашниот попис општина Делчево броела 17.713 жители.
Намалувањето на популацијата во Делчево и целиот краен исток на државата има тенденција да се продлабочува што се рефлектира врз економските, образовните, здравствените, културолошките и воопшто демографските карактеристики на источна Македонија.

Актуелната власт на СДСМ и ДУИ нема решение за ваквата погубна состојба!
Потребни се одговорни политички елити, многу анализи, многу планирања, многу труд и работа за да се промени ваквиот надолен тренд на изумирање на овој дел од Македонија.
За тоа се потребни силни интелектуални, искуствени, трудољубиви, чесни и достоинствени човечки капацитети кои што знаат, можат и сакаат да донесат искра надеж која ќе распламти во повторен подем на развојот во Делчево и овој дел од Македонија.

За да дојдат вакви луѓе на позиција да влијаат позитивно на промените во Делчево и државата, во денешни услови на актуелен политички систем и државно уредување, потребно е мнозинството граѓани преку своја јасно и гласно декларирана волја на наредни избори тоа да го изрази преку избор на свои политички претставници кои сакаат и можат да ја изнесат нашава држава од калта на мувлосаното блато во кое се наоѓаме а кое го разјадува Македонското национално ткиво!

bregalnickimarketing

Демократијата подразбира право на избор! Тоа што ќе избереме како народ, како заедница, како општествени групи и поединци- таква ќе ни биде и иднината. Тоа е наша право, наша моќ, не треба да дозволиме како генерација Македонци некој да ни кажува поинаку!

Креирано од:


Пренеси го гласот