БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Стипендистите на Општина Кочани за 2023/24 година ги потпишаа договорите за користење на стипендиите  

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Студентите што ги исполнија условите за добивање општинска стипендија за студиската 2023/24 г., денеска ги потпишаа договорите за користење на стипендијата.

На настанот организиран од Одделението за јавни дејности, ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој им посака успех во студирањето и ја изрази подготвеноста на Општината за натамошна поддршка во образованието на младите кадри.

Годинава, Комисијата за доделување на студентските стипендии, од пристигнатите 34 пријави, одобри триесет општински стипендии. Дванаесетмина студенти добија стипендија за постигнат висок успех во студирањето, 13 ќе користат стипендија според критериумите за социјално загрозени семејства и петмина студенти се од факултетите за медицински науки. Четворица од пријавените кандидати не ги исполнија условите за стипендија поради некомплетна документација, затоа што повторувале година или затоа што не студираат на државен универзитет.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Стипендиите со месечен износ од три илјади денари ќе се доделуваат за период од десет месеци за студиската 2023/24 година.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace