Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, денеска беше во посета на граѓаните на Делчево по што имаше работен состанок со членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во просториите на Централниот комитет на партијата во Делчево.
Во неговата изјава за медиумите тој уште еднаш го пренесе партискиот став на најголемата опозициона партија во врска со актуелниот процес за референдумот, при што им порача на граѓаните да не подлегнат на уцените и заканите кои ги прави актуелната власт по разно-разни основи.
Погледнете ја изјавата на Игор Јанушев од Делчево.
Во рамки на работниот состанок со членмовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Игор Јанушев им порача на делчевчани дека ВМРО-ДПМНЕ ќе опстои во својата политичка борба за зачувување на достоинството на Македонскиот народ и држава.


Во рамки на состанокот свое обраќање имаа и пратениците во Македонскиот парламент Никола Мицевски и Емилија Александрова кои уште еднаш ги повторија своите лични ставови за Бојкот на претстојниот референдум и спротивставување на целата пратенича група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Македонскиот парламент на штетните политики на актуелната власт во сите области, а пред се на намерите на власта да го менуваат уставот вон секаква уставна и законска процедура по референдумот.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип