БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

И покрај проблемите и сиромаштијата делчевчани со ведар народен дух ги чествуваат празниците

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Веќе наголемо се чувствува празничната атмосфера помеѓу делчевчани. И покрај лошата финансиска состојба и голем број проблеми, граѓаните на Делчево благодарение на ведриот народен дух се обидуваат на разно разни начини да го одбележат крајот на годината и доаѓањето на Христовото раѓање.

Анемијата на локалното стопанство пред се во поглед на нискиот платен стандард на работниците во сите сектори, допринесува за потиштеноста на целата новогодишна атмосфера помеѓу делчевчани.

Она за што сакаме како политичка партија да обрнеме внимание е одговорност и достоинствено чествување на празниците на сите граѓани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Апелираме до надлежните институции, пред се кон Локалниот совет за превенција, Локалната самоуправа, МВР и Социјалните служби со свои конкретни превентивни мерки да влијаат во јавноста за што е можно подостоинствено и одговорно одбележување на прославите за и околу нова година.

Особено апелираме на одговорно однесување на граѓаните возачи зад воланот, чија што одговорност може да ги поштеди граѓаните и материјалните нешта од големи штети.

Безбедноста и здравјето на делчевчани е најскапоценото нешто за кое што сите надлежни институции мораат да работат во текот на цела година а не само кампањски.

-реакција на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace