БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Никола Србов: Секој обид за насилно спроведување на договорот ќе ја втурне државата во сеопшта криза

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Политичкиот наналитичар и историчар Никола Србов со свој личен коментар упатува на квалификации за актуелната состојба со Преспанскиот договор, власта во државата на сите нивоа под контрола на Зоран Заев како и можниот генерален целисходен расплет на оваа пат состојба за Република Македонија.

Тоја напиша:

Договорот кој го потпиша СДСМ со Грција е веќе мртов и политички и правно, судбината му ја одредија граѓаните на референдумот. Македонија е влезена во тешка политичка криза, секој обид за насилно спроведување на договорот преку игнорирање на волјата на граѓаните ќе ја втурне државата во сеопшта криза.

Криминалот кој власта сакаше да го прикрие преку овој договор беше осуетен и од ВМРО и од граѓаните. Фарсата на Зоран Заев за наводна борба против криминал е целосно разголена, во оваа држава конечно мора да завладее правото, да се закопаат криминалот и корупцијата, а за тоа се потребни силни институции.

Излезот од оваа бездна во која се најде Македонија, а во која ја втурна Заев со неговата влада, е единствено во спроведување на парламентарни избори. Претседателот Мицкоски јасно истакна дека ВМРО ДПМНЕ е спремна за парламентарни избори. Тие се неопходни за излез од оваа криза на кои граѓаните ќе ја повторат изразената волја од референдумот.

Кога во прашање е Македонија одговорот е ВМРО!

 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace