Лагите, манипулациите и клеветите на одредени медиуми против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски паѓаат како гнили круши на земја, со тресок кој што сведочи за состојбата и влијанието врз медиумската сфера во Македонија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во јавноста пренесе пресуда против трговското друштво НОВАТВ ВЕБ ДООЕЛ Скопје со која судот утврдува граѓанска одговорност за сторена клевета против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од страна на овој медиум и неговиот главен и одговорен уредник.
Клеветата се однесува за исказот “Мицкоски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра” што судот утврдил дена е невистина.
Ваквата клевета е дел од поширока медиумска и партиска хајка која се спроведува против лидерот на опозицијата со цел за дефокус од лошите услови за ивот на граѓаните на државата под директна ингеренција на власта на СДСМ и ДУИ.
Претходно објавивме дека и БРИФ.МК го клеветел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со цел да ги наруши неговите чест и углед во јавноста што секако не е случајност.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија