Драган Христов од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево кој што во изминатиот мандат беше и Претседател на овој општинскиот комитет, со соопштение до јавноста го обвини поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалнов дека со свој ангажман преку 7-те пратеници во Македонскиот парламент кои гласаа за иницијативата за Уставни измени во петокот, се обидува да се спаси себеси а истовремено да ја “погреба” Република Македонија.
Тој исто така соопштува дека Сашо Мијалков се обидува да го постави Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев преку вонреден конгрес на партијата.
-Ова е сценарието со еден удар две муви, преку овие седум пратеници Мијалков го спасува својот газ, а воедно ја погреба и Република Македонија.
Ова е сценариото за исценирање оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку вонреден конгрес да се донесе Митко Јанчев.
Христијан Мицкоски кој одлучно застана во одбрана и против промена на името и расчистувањето со старите кадри контролирани од Сашо Мијалков и еднаш засекогаш да ја избрише дамката од минатото и да и го врати угледот на партијата.
Христијан Мицкоски застана против амнестијата за поранешното раководство и не прифати никаков компромис да преговара со цел да поддржи промена на уставното име.
Сашо Мијалков преку овие 7 негови послушници соработувајќи со СДСМ и други фактори за да го спаси својот г** и своите бизниси директно влијаел на исходот кој се случил во собранието.
Симпатично е тоа што сите пратеници вклучувајќи ги и овие 7 до последен момент го уверувале Мицкоски дека нема да гласаат за договорот.
-напиша на Фејсбук Драган Христов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година