БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Христов: Со овие 7 пратеници Мијалков се спасува себеси, а ја погребува Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Драган Христов од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево кој што во изминатиот мандат беше и Претседател на овој општинскиот комитет, со соопштение до јавноста го обвини поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалнов  дека со свој ангажман преку 7-те пратеници во Македонскиот парламент кои гласаа за иницијативата за Уставни измени во петокот, се обидува да се спаси себеси а истовремено да ја “погреба” Република Македонија.

Тој исто така соопштува дека Сашо Мијалков се обидува да го постави Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев преку вонреден конгрес на партијата.

-Ова е сценарието со еден удар две муви, преку овие седум пратеници Мијалков го спасува својот газ, а воедно ја погреба и Република Македонија.

Ова е сценариото за исценирање оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку вонреден конгрес да се донесе Митко Јанчев.

Христијан Мицкоски кој одлучно застана во одбрана и против промена на името и расчистувањето со старите кадри контролирани од Сашо Мијалков и еднаш засекогаш да ја избрише дамката од минатото и да и го врати угледот на партијата.

Христијан Мицкоски застана против амнестијата за поранешното раководство и не прифати никаков компромис да преговара со цел да поддржи промена на уставното име.

Сашо Мијалков преку овие 7 негови послушници соработувајќи со СДСМ и други фактори за да го спаси својот г** и своите бизниси директно влијаел на исходот кој се случил во собранието.

Симпатично е тоа што сите пратеници вклучувајќи ги и овие 7 до последен момент го уверувале Мицкоски дека нема да гласаат за договорот.

-напиша на Фејсбук Драган Христов.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот