Каменичанецот Бошко Стаменковски по којзнае кој пат докажа дека нема конкуренција во Power lifting. Ова го потврди во рамки на својот настап на Светското првенство кое се одржа во градот Трутнов, Р. Чешка каде во дисциплината benchpress до 67,5 килограми повторно го обели образот на Македонија и ги израдува своите сограѓани од М.Каменица, освојувајки нов златен медал кој го придодаде на веќе богатата колекција од медали освоени на последните европски и светски натпреварувања во овој спорт. Последниот успех во Чешка е дотолку важен за Стаменковски бидејки тој во споменатата дисциплина постави и нов светски рекорд за натпреварувачи до 67,5 кг. Инаку, на Светското првенство Стаменковски беше единствениот претставник од Македонија поради кој вечерва македонското знаме на церемонијата на прогласување на победниците ќе биде највисоко развиорено.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (четврти дел): За Димитар Поп Георгиев Беровски
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право