БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Замор, желба за одмор, потреба од цврст сон , мир и тишина. Работи кои можат да ги разберат само мајките

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од денот кога станете мајка, целото ваше дотогашно функционирање се менува. Почнувате поинаку да гледате на светот, целата грижа што сте ја воделе за себе тогаш се пренасочува на детето, вашите принципи и навики више не важат, почнувате да не се препознавате себеси и сваќате дека можат да ве разберат само оние кои се веќе мајки.

1. Кога зборувате за вашето бебе, велите „ние“. „Ние јадевме“, „Ние сме болни“, „Ни излезе запче“ (иако лично ги имате сите заби на своите места).

2. За 5 минути извршувате многу повеќе работи отколку што останатите ќе завршат за цел ден.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

3. Кога децата ќе заминат на спиење, можете да правите што ќе посакате. На пример, да ја исперете и спружите облеката, да ги измиете садовите да го средите хаосот по дома и слично.

4. Кога ќе се сретнете со пријателите, често зборувате за вашето бебе и неговите потреби.

5. 15-минутното туширање со затворена врата за вас е како цел ден поминат во спа центар.

6. Во состојба сте да правите неколку работи истовремено – да зготвите ручек, да го доите бебето, да разговарате на телефон и да гледате филм.

7. Повеќе се возбудувате од размислувањето за спиење отколку за водење љубов.

8. Можете да слушнете како вашето дете кивнало, дури и ако е сред ноќ, вратите се затворени, и има бучава надвор.

9. Детските работи ве интересираат повеќе од облеката за возрасни.

10. Подготвени сте да се менувате со детето штом забележите дека добило висока температура или е настинато.

11. Одеднаш забележувате голем број сообраќајни опасности – дупка на патот, опасно комшиско куче. Дали овие нешта биле тука и претходно?

12. Сфаќате дека може да гледате телевизија само кога вашите деца се во кревет подолго од 30 минути.

13. Одмор е кога одите во маркетот сами, без децата.

14. Му честитате на детето кое отишло во тоалет како да освоило медал.

15. Вашата гардероба секогаш е извалкана со храна или каши.

16. Ги знаете сите актуелни ликови и нивните карактери од цртаните филмови.

17. Исто така, се фаќате себеси како пеете детски приспивни песнички дури и откако вашето бебе заспало.

Креирано од:


Пренеси го гласот