БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Апасиев: “Сакате војна – ќе добиете ВОЈНА!”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Професорот на Правниот факултет во Штип, Димитар Апасиев, пред малку на својот фејсбук профил објави шокантни информации за политичка хајка против него лично иницирана од страна на Владата на Република Македонија во периодот од април до септември оваа година.

Притоа  одговори на прозивките од “едно комуњарско квазиновинарско ботче” и бесправното објавување на неговото уверение на положени испите во кое се прави обид за искривување на вистината и наштетување на неговиот углед и постигнувања.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение во целост го пренесуваме статусот на професорот Апасиев:

“Пред некоја недела, едно комуњарско квазиновинарско ботче, шо се одзива на името Поликлинико, бесправно објави мој личен податок поврзан со текот на моите правни студии и полагани испити на „Јустинијан Први“.
Притоа, документот (кој го добил веројатно по удбашки инсајдерски канали) го беше затемнил онака како што му кажале провладините загарчиња, за да спинува дека – пази молим те – сум учел Руски јазик.
Па, за да нема забуни во јавноста – еве го УВЕРЕНИЕТО во целина, па луѓето сами нека си проценат 

p.s. Во овој албум, насловен како „СЛУЧАЈОТ АПАСИЕВ“ деновиве ќе ги објавам и сите документи до кои дојдов за хајката и инквизициската постапка која тајно, без мое знаење, се водела против мене од месец април до месец септември – преку Државниот просветен инспекторат, а иницирана од Влада на Република Македонија. Ќе има сочни детали 

p.p.s. Сакате војна – ќе добиете ВОЈНА!”

Креирано од:


Пренеси го гласот