Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на местото каде што утрово избувна пожар, даде своја изјава за јавноста:
-Најпрво жалам што денес сме овде со оваа причина. Јас сум прилично многу вознемирена од ова што го гледаме позади нас. Утринава околу 9 часот бевме информирани дека изби пожар во Универзална сала и веднаш дојдовме тука. Ова што го гледаме сега е дека веќе пожарот е локализиран и дека е веќе изгаснат. Се повикувам за брзо постапување од страна на сите институции, тука со нас се присутни и претставници од надзорот, од изведувачите, од фирмата која што ја гради Универзална сала и апелирам за брзо расчистување за кои се причините за пожарот што се случил и апелирам на тоа да не се шират шпекулации.
– Пред да се продолжи со какви било активности заедно со стручни лица од Градежен факултет и сите релевантни институции коишто учествуваа и денеска ќе се утврди која е причината за штетата. Уште еднаш да повторам, нема жртви и нема повредени на самиот објект,
-изјави министерката Стојчевска Костадиновска.
На новинарско прашање каква е проценката на штетата, Костадиновска Стојчевска рече дека за ова можат да одговорат инвеститорот и надзорот и раководителот на објектот.
– Јас би сакала тие да дадат постручен одговор на тие прашања затоа што се она што јас ќе го изјавам може понатаму да биде поинаку да биде истолкувано. Би сакала и тие да ви дадат одговор на она што како штета се случило внатре, иако би сакала да заврши увидот и надзорот за да можеме да кажеме што всушност се случило и која е вистинската причина за пожарот, рече таа.
Таа додаде дека ве известуваат тековно, редовно, транспарентно за да имате информации што е точно она што се случи токму заради тоа за да се избегнат шпекулации од секаков вид.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар