БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачки од Делчево: Во два мандати ќе изградиме експресен пат Делчево-Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на денешниот ден Драган Ковачки- член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ е во посета на Делчево и делчевчани. Од овој град на крајниот исток од државата Ковачки утринава упати своја видео порака снимена од пред Споменикот на идеологот на Македонското Револуционерно Движење Гоце Делчев.

Во своето обраќање кон јавноста Ковачки сподели една крајно погубна информација дека Делчево нема јавна автобуска линија кон остатокот од државата, со што граѓаните на оваа општина се изложени на дополнителни трошоци за патување придружено со сите проблеми што можат да произлезат од немањето на јавен автобуски превоз.

И Делчево ја има таа несреќа да има градоначалник од Социјалдемократскиот сојуз. Замислете, во овој наш македонски град луѓето немаат ни автобуски превоз до Скопје, рече Драган Ковачки од центарот на Делчево.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Драган Ковачки кое е носител на кандидатската листа за пратеници од третата изборна единица најави изградба на нов експресен пат Делчево- Кочани во наредните два мандати како и реконструкција на регионалниот пат од Делчево преку Пехчево до Берово.

-Со „Платформата 1198“ со вкупно 1198 проекти, за овој крај предвидуваме изградба на експресен пат од Кочани до Делчево и тоа ќе го реализираме во период од двата мандати, рече Ковачки.

Ковачки меѓудругото рече ќе се реконструираат и патиштата до Пехчево, и дека како Влада планираат сериозни инвестиции во тој регион.

-Исто така, предвидуваме целосна реконструкција на патиштата до Пехчево, односно до Берово. Делчево како град, односно граѓаните на Делчево ќе ги добијат седумте милиони евра загарантирани од централниот буџет. Планираме како влада да инвестираме во овој крај и да го развиеме овој крај, појасни Ковачки.

Целата изјава на Ковачки погледнете ја во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот