Во текот на вчерашниот ден Драган Ковачки од Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ имаше целодневна работна агенда помеѓу граѓаните на Делчево.
Претпладнето на вчерашниот ден за Ковачки беше резервирано за највозрасните делчевчани со кои што се сретна пред клубот на пензионери при што имаше можност да се запознае со егзистенцијалните проблеми на пензионерите од Делчево како и нивните неостварени барања од страна на власта, од протестите кои што се случуваа повеќе месеци наназад..
Потоа во текот на денот Ковачки се придружи на дел од тимовите на волонтери кои што се во рамки на кампањата на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, при што помеѓу граѓаните имаше можност да поразговара за актуелните општествени и политички прилики како во Делчево така и во државата.
Во текот на денот Драган Ковачки имаше работна посета на повеќе приватни претпријатија со кои имаше можност да поразговара за актуелните состојби во економијата како и локалните услови за водење бизнис во Делчево.
По состаноците во партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ Во Делчево и средбите со поранешните функционери на партијата на локално ниво во Делчево, Ковачки беше дел од масовен маалски собир на граѓаните во населбата Стар Расадник во Делчево.
Овде Драган Ковачки имаше свое обраќање пред присутните на кои им ја објасни потребата за масовна излезеност на изборите на 24 април како и политиките за кои се залага кандидатката за претседателка на Република Македонија Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова која што е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание