Градоначалникот на скопската општина Бутел Дарко Костовски Лично од Неговото Високо Преосвештенство Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан доби Орден за посебен придонес од Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија.
Ваквото високо црковно признание за градоначалникот Костовски доаѓа на денот на осветувањето на новата црква “Свети 40 Севастиски маченици” изградена во атарот на село Смилковци на местото каде Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стевковски пред 12 години беа свирепо убиени.
“
ХРИСТОС Е СЕ![]()
ОРДЕН ОД МПЦ ЗА МЕНЕ И МОЕТО СЕМЕЈСТВО
Христијанството е радост!
Христијанската вера е силна, затоа што е жива и вистината.
За мене ова е посебен момент. Момент кој значи радост!
Со одлука на Архепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан и врз основа на Уставот на Македонската Православна Црква, одлукуван сум орден за посебен придонес.
Одличие “АРХИЕПИСКОП ДОСИТЕЈ” ми се доделува за посебниот придонес за изградба и украсување на храмот “Свети 40 Севастиски маченици”.
Сакам да изразам голема благодарност до Неговото Блажество г.г. Стефан кој е секогаш тука да ни дава совети и поддршка во сите наши одлуки.
Македонија е библиска земја, за неа пишува во Библијата. А нејзината територија ја красат многу божји домови.
Најдобро знаеме дека Христијаните биле низ историјата многупати прогонувани, но се претрпувале знаејќи дека вистинскиот дом за верните луѓе е Вечниот дом на Отецот небесен.
И токму затоа Христос ја победи и уништа смртта и немањето страв останува предуслов да се биде Христијанин.
Македонската Православна Црква е нераскинлив дел од нас и тука не застануваме. Ќе продолжиме со реализација на зацртаните планови!
Слава на Бога
“
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот н аопштина Бутел Дарко Костовски во врска со овој чин.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани