Голем број од граѓаните кои што ги посетиле митинзите на Стево Пендаровски во актуелната кампања за претседателските избори со огромна доза на резигнација си заминуваат од неговите настани.
Како горди и достинствени граѓани кои што мака мачат како да преживеат од први до први во месецот со сеприсутно распространета корупција на сите страни во државата, граѓаните се чувствуваат потценети и исмевани на овие митинзи каде отишле да слушнат за решенија и спас за нивните проблеми, а наместо тоа добиваат оро на самиот митинг. Орото како по правило го поведува Стево Пендаровски веројатно за да упати порака дека нему му е дојдено до песна и веселба, завзема најголема минутажа на самиот официјален дел од митингот, по што граѓаните со исклучок на неколкумината партиски клиенти, во глобала остануваат запрепастени од ваквиот потценувачки однос на актуелниот претседател на државата.
Немањето на суштински реализирани политики со кои што може да се пофали Пендаровски, како и недостигот на визија за подобрување на животот на граѓаните во доменот на неговите ингеренции, Стево Пендаровски прибегнува кон замајување на своите преостанати поддржувачи преку играње оро, кое веројатно според Стево би требало да го подигне духот на народот. Но попусто!
Граѓаните заминуваат разочарани и уште толку потиштени од лошите општествени услови во кои е препуштена државата во изминатите 7 години.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена