Обединетата Македонска Дијаспора преку своите медиумски гласила во јавноста сподели Инфо Мапа за гласање на Македонците во дијаспората за претседателските избори на 24 април.
“ИНФО Мапа за гласање во странство- Претседателски избори 2024
Почитувани Македонци во странство, Обединета Македонска Дијаспора како и секогаш, ве информира за вашите права како и интереси со цел детално информирање и поврзување со нашата татковина Македонија.
Следствено Претседателските избори за кои вие ќе можете да го дадете својот глас, ОМД креираше информативна брошура на која се наведени сите адреси на кои македонските граѓани ќе можат да го остварат своето право на глас, насекаде во Светот.
Претседателските избори во дијаспората ќе се одрѓат на 23ти Април, 2024год како и вториот круг на 7ми Мај, 2024год во нормалното работно време на Македонските ДКПа од 07ч-19ч.
За сите дополнителни прашања слободно обратете се на gjordanov@umdiaspora.org”
-стои во сооптението на ОМД упатено до јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вучиќ пристигна во Пекинг. Ќе има средба со Си Џинпинг
Најава за историски час посветен за Гоце Делчев организиран од припадници на Македонската дијаспора
Лариса Дир: Цел на руските напади во Одеса синоќа меѓу другите беше и породилиште со мајки родилки и бебиња