БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Поранешниот Албански премиер Илир Мета со силна поддршка за политиките на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поранешниот Премиер на Албанија, Министер за надворешни работи, Претседател на Собранието во Албанија и Претседател на оваа западна соседна држава, Илир Мета во јавноста упати свое соопштение за директна поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на опозицискиот блок во Македонија Христијан Мицкоски.

Илир Мета во својата објава упатува на силна убеденост дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ особено оние на на економски план во Македонија се иднината која е потребна на граѓаните на државата за целокупниот развој во периодот што следува.

“Очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе даде нова димензија на економскиот развој на Северна Македонија во иднина од која бенефит ќе имаат сите нејзини граѓани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Да не заборавиме дека нејзината визија и политики во управувањето ја трансформираа Северна Македонија, 10-то место во светот и 5-та во Европа по бизнис клима и странски инвестиции.
Благодарение на визијата на ВМРО-ДПМНЕ, Северна Македонија експлодираше во растот на земјоделството и сточарството, почнувајќи од 10 милиони евра годишно финансирање и зголемувајќи ги на 200 милиони евра.

Новиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, верувам, доволно научи од грешките направени во минатото и последиците од непотизмот, кој ги засенија извонредните економски и општествени достигнувања.
Северна Македонија ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучната гаранција за тоа!”

-стои во соопштението упатено од страна на Илир Мета во јавноста.

Вчера Илир Мета кој што е Претседател на Партијата на Слободата во Албанија беше домаќин на тркалезна маса за развој на образованието во Корча, Албанија каде присуствуваше и Претседателката на Комисијата за Образование Весна Јаневска заедно со членови на оваа партиска комисија на ВМРО-ДПМНЕ. На средбата било разговарано за перспективата и развојот на образованието на луѓето во овој дел од Албанија како и употребата на Македонскиот јазик и поддршката на партијата на Мета за Македонската заедница во Албанија. На средбата присуствувал и Претседателот на огранокот на Партијата на Слободата во Корча, Панди Јани.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace