Претседателскиот кандидат на политичката партија Левица Проф Билјана Ванковска преку социјалните мрежи упати соопштение за нејзината посета на Саемот на книгата:
“Бев на Саемот на книгата по покана на колешката Лина Жила на промоција на прекрасното дело “Книга за меморијата” (патем, нешто што би сакала да го имаме и во однос на жртвите од 2001 година, од која страна и да биле).
Од саемот се вратив со куп книги – речиси сите подароци од драги познати и непознати!
Но најмногу ме израдуваа младите кои чекаа ред за да се сликаат со мене. Ме изненадија! Прашувам: а од каде ме знаете? Тие: од секаде! И најубавиот миг беше кога ми покажуваа дека си купиле книги, сакаа да знам дека се умни и посветени на литературата и знаењето! ![]()
“
-стои во соопштението на Билјана Ванковска која е во трката за Претседател на Република Македонија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ посветена на Гоце Делчев
Николоски: Самопрогласени „синдикални лидери“ шират лаги за изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар