До нашата редакција пристигнаа шокантни информации од страна на загрижен граѓанин кој што сака да остане анонимен.
Станува збор за информации кои што според прикажаното генераираат од комуникација преку вибер група каде што според приказот се гледа дека групата има 19 членови во кои што Сашко Митовски пишува насока за постапување кон членовите на групата.
Од напишаното до членовите на оваа Вибер група во принт-скринот доставен до нашата редакција Сашко Митовски вели:
“Проектот на кој сте ангажирани е проект во партнерски однос со Црвениот Крст и поддршка на општината за кој што во следниот период е предвидено трансформација на Вашиот ангажман во редовен работен однос.
За да ја имате мојата поддршка за тоа, Ве молам за обратна поддршка. Некои од Вас по моите информации се со поддршка на спротивната страна. Да не ги именувам поединечно ќе ве молам уште еднаш за пораката да биде разберена”.
-пишува меѓу другото Сашко Митовски.
Ваквата информација е крајно шокантна во предизборниот период.
Ваквата информација циркулира и на социјалните мрежи на сл. линк тука.
Ова се индиции кои во име на демократскиот изборен процес и јавниот интерес на граѓаните треба да бидат проверени од страна на надлежни органи и доколку се вистина одговорните за овој институционален притисок да одговараат согласно закон.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Новото раководство на Комората оствари средба со министерот за здравство
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп