БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: Власта организира дебати за одлуки што самата ги носи, НВО секторот молчи

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

ВЛЕЧЕЊЕ ЗА НОС.

Властите ја започнаа јавната дебата за уставните промени, која ќе траела дури неколку дена. Траењето на секоја дебата можело да биде и повеќе од час, бидејќи Македонија време за чекање нема, оти некои (не попусто) велеа дека возо’ ни отидề. На вчерашната дебата, организирана од властите, свое научно, но и стручно излагање, имал професорот и господин Фрчкоски, кој смирувал дека со промените немало да се изгуби граѓанскиот карактер на Уставот. Колку ми е познато во граѓански концепиран устав не се говори за односи помеѓу етничките заедници (од кои, препоставувам, искулучени се сексуалните) туку се говори/пишува за граѓаните како носители на државниот суверенитет, како и за односите помеѓу нив. Поедноставно, во граѓански концепиран устав децидно би било нагласено дека Република Македонија е држава на сите нејзини г р а ѓ а н и. И, толку – точка! На тој начин, секој кој е граѓанин на Република Македонија е спомнат во Уставот, сеедно на неговата етничка или било која друга припадност, и би било бесмислено да го постави прашањето каде е како припадник на оваа или онаа етничка заедница.

П.С. Своевиден куриозитет е и податокот дека властите организираат дебати за одлуки што самите ги носат, додека цивилниот сектор (невладините организации и сл.) молчи.

Фeјсбук статус на професорот Љубомир Цуцуловски

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace