На 27 Јуни 1937 година во Варна умира Донка Ставрева Христова-Ушлинова уште нарекувана и Донка Комитата.
Донка била четник и терорист во ВМРО.
Родена е во родното село на големиот Дамјан Груев, во Смилево.
Се мажи на 15 годишна возраст за Ставри Христов од Лера-Битолско.Додека маж и е на гурбет,започнува да ја малтретира чифликаџијата во селото Лера, Реџо беј, кого го убива со помош на јатрвата Сребра.
После убиството бегаат во гората каде што ја наоѓаат четата на ресенскиот војвода Славејко Арсов,кој ги облекува во комитски униформи.
Така Донка се вклучува во борбата на ВМРО против османското ропство во Македонија.
Куќата и е срушена и осудена е во отсуство.
За време на Илинденско востание учествува во близу 20 битки во Битолскиот револуционерен округ крај селата Лева Река, Смилево, Златари.
После востанието се префрла во Бугарија преку Србија каде што останува во Варна и оттаму ја следи ситуацијата.
Таму се наоѓа и со сопругот.
За време на Балканските војни заедно со мажот и Ставре се доброволци во Втората рота на Осмата Костурска дружина.
Учествува во многу битки и за својот хероизам е унапредена во чин ефреитор и наградена е со два ордена за храброст од четврти и трети степен.
За време на Првата Светска Војна Ушлинова станува доброволка во Вториот пешадиски македонски полк на Единаесетата дивизија.
Наградена е со орден за храброст од втор степен,а во 1917 година е назначена со чин подофицер.

Фото: Донка со сопругот Ставре Ушлинов во 60. пешадиски полк, 1917 г.
После крајот на војната заедно со сопругот се враќаат во Варна и им доделуваат еднократна помош од 10 илјади лева со кои прават мала куќа.
Во 1924 година се раѓа син им Александар.
Донка се упокојува на 27 Јуни во Варна во семејната куќа.
Вечна и слава на хероината !!
Превземено од: ВМРО


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (осми дел): Интервју со архитектот Георги Константиновски за Нова Македонија од 1982 година за проектот на Спомен домот на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): За знамето на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (шести дел): Овие две жени го извезале оригиналното знаме на Разловечкото востание 1876 година во Солун