Во текот на денешниот празничен ден претпладнево кандидатот на листата за пратеници од Коалицијата “Твоја Македонија” во Третата изборна единица Драган Ковачки беше помеѓу граѓаните на Карбинци.
Од таму Ковачки упати порака во пресрет na гласањето во среда:
“За два дена од денеска, во среда се гласа.
За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво.
Затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено единство, на национално единство.
Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните.
Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2.”
-рече Драган Ковачки од Карбинци

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг