Носителот на кандидатската листа за пратеници од редовите на победничката ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” Драган Ковачки утринава сподели фотографија со неговото прво утринско кафе.
Очигледно кратко време треба за заморот на лицето на Ковачки по исцрпувачката кампања која тој со неговиот тим ја спроведе максимално посветено на теренот и на граѓаните да биде претворен во нова енергија за реализација на сето она што беше ветено од страна на победничката коалиција која во Третата изборна единица обезбеди најсилна поддршка од Македонските граѓани.
Во својата кратка објава Ковачки кој што доаѓа од редот на армијата, спомна еден клучен збор кој што е светост за секој припадник на безбедносните сили на татковината:
С Л О Б О Д Н А М А К Е Д О Н И Ј А!
“Првото утринско кафе во ослободена Македонија.
Добро утро на сите.”
-напиша кратко но многу јасно Драган Ковачки чија што листа на кандидати кои ги предводи освои 14 пратенички мандати за досега најголема победа на едни парламентарни избори.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември