БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Млади задржани во полициска станица. Според Јаулески во Република Македонија правната држава е суспендирана

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вчера на прес конференција пред службените простории на полицијата, Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, ја информираше јавноста за задржување во полициската станица на неколку членови на подмладокот на опозициската партија.

Притоа порачаа дека младите нема да бидат уплашени од власта затоа што младите се предводник на промените кои следуваат.

Во продолжение интегрално ја пренесуваме интегрално прес конференцијата на Јован Јаулески:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Власта уште еднаш покажува во пракса дека во Република Македонија дека правната држава е суспендирана. Денеска власта на Заев и Спасовски без никакво образложение во полициската станица зад нас неколку членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги држеше 4 часа.

Власта е исплашена од граѓаните, а особено од младите и затоа спроведува политички прогон врз сите неистомисленици и слободомислечки граѓани.

Младите нема да ги исплашите. Младите се предводникот на промените кои следуваат.

Почитувани претставници од власта, ударот врз младите е удар врз државата. Не можете да ги оправдате вашите лоши политики со спроведување терор, прогон и сеење на страв.

Насилието мора да запре. Криминалот не смее да биде пракса.

Откако сте на власт имаме 9 неразјаснати убиства, запалени автомобили, секојдневни грабежи и безредие. Власта не ја остварува нејзината основна задача – чување на редот и мирот.

Тргнете ги рацете од младите. За целото незаконие кое го спроведувате ќе одговарате кога ќе се врати правната држава и демократијата во Република Македонија, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace