БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонскиот херој , Марко Пејчиноски се подготвува за нов подвиг

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На празникот Голема Богородица на 28 август, Марко ќе плива за поддршка со лицата за ретки болести. Другите детали ќе се откриваат полека, како што ќе се зголемува темпото на тренинзите. Подговотките течат според планираното. Тој секојдневно тренира во Хотел „Тино Свети Стефан“. Се очекува до 15 јуни да тренира таму, а потоа да комбинира со тренинзи во базенот на СРЦ „Билјанини Извори“ и во водите на Охридското Езеро.

Со тренинзи почнав идентично како минатата година на 15 октомври. Ништо околу тренинзите не менувам од минатиот пат. Веќе уфрлив брзина погоре и го зголемив темпото на тренинзи. Очекувам да бидам подготвен за новиот подвиг.

– изјавува Марко за ohridnews.

Успехот минатата година доби дополнителна тежина поради решителноста и упорноста на Марко и покрај инфарктот на коска на долните екстрмитети. Марко е нашиот херој кој ги освои срцата на сите македонци во земјава.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот