Битола е на врвот на листата најзагадени градови во светот, а секој ден се регистрира по еден новозаболен од рак.
Битолчани обвинуваат дека аерозагадувањео е главниот виновик за нивното нарушено здравје. Невладините организации тврдат на државата добро и се познати загадувачите, но со години ништо не презема, а експертите бараат владата да ги вклучи во изнаоѓањето решенија.
Во Битола вчера беше промовирана Платформата за следење на квалитетот на воздухот „Земи здив“ и беа соопштени фрапантни податоци:
Секоја недела во Битола по една жена заболува од рак на дојка, а неделно по два случаи со белодробен карцином.
Пет граѓански здруженија од Битола формираа платформа за следење на амбиенталниот воздух и поставија се седум сертифицирани мерни станици кои се набавени од независната глобална светска мрежа AIRLY и се референтни уреди.
Тие мерат ПМ10, ПМ 2,5 и ПМ 1 честички.
Станиците се донација, а во иднина мрежата ќе се зголеми до 20.
Извор: SDK.mk

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026