Како и секое ветување на владата, така и локалната самоуправа изгледа има од кој да учи. Владата и Општина Делчево се власт која ќе ја паметиме по најмногу ветувања со реализација ЌЕ (Ќе биде).

И додека во предизборната кампања на граѓаните во Општина Делчево им се ветуваше подобар живот, реконструкција на патишта како и музеј, на жителите во с. Очипала им беше ветено реконструкција на пристапни патишта до селото, решавање на проблемот со електрификационата мрежа, уредување на депонијата со градежен шут како и РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ДИВИТЕ ДЕПОНИИ И ОТПАДОТ.

Граѓаните го молат заспаниот “убавец” од градоначалник, господинот Горан Трајковски да се упати кон меѓународниот пат помеѓу Македонска Каменица и Делчево кај селото Очипала, бидејќи очигледно е дека од времето на предизборните лаги го нема посетено селото.

Таму ќе види слика за дива депонија (истата онаа која ветуваше пред локални избори дека ќе ја реши), слика од починати животни, еколошка катастрофа која набрзо ќе предизвика и различни вируси и болести.

На овој проблем секако се надополнуваат проблемите со редица диви депонии во речиси сите села низ општината како и главната општинска депонија која повеќекратно во повеќе наврати се потпалува и чади со што го загрозува амбиенталниот воздух во Делчево.
Локалните власти и функционери на СДСМ наместо во кампања за Стево Пендаровски пожелно е своето работно време да го трошат во служба на граѓаните.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Драган Ковачки во присуство на членови на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ одаде почит пред спомен плочата кај месноста Свиланово, кочанско каде загинал Никола Карев
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): Интервју со архитектот Георги Константиновски за Нова Македонија од 1982 година за проектот на Спомен домот на Разловечкото востание