Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Попладне на места облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој во југоисточните делови повремено ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од 13 до 23 степени. Од денеска попладне следува период на променливо облачно време со локални врнежи од дожд и со умерен јужен ветер. Од среда дневните температури ќе се намалат за пет до седум степени.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија