БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Преубавата „КАРМИНА БУРАНА“ Вечерва во Македонска Опера и Балет

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Не очекува богата и воодушевувачка сезона на маестрални изведби во Македонската Опера и Балет. Најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф вечерва од 20 часот е повторно на сцената на Македонската опера и балет.

Во режија на Дејан Прошев, кореограф Кан Арслан од Турција, и диригент Бисера Чадповска. Ќе уживате во изведбата на 23 песни од збирка средновековни текстови и песни „Кармина Бурана“.

Дел е од Орфовиот триптих кантати „Трионфи“ пишувани врз латински текстови, заедно со „Кармина Катули“ и „Трионофо ди Афродите“. Најпозната е по делот „Фортуна императрикс мунди“ или „О фортуна“ – дел со кој се отвора и се затвора ова музичко дело.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во вечерашната изведба на „Кармина Бурана“ настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.

Оперски солисти ќе бидат сопранистката Катерина Стојановска, контратенорот Дејан Стоев и баритонот Горан Начевски, а балетски солисти се: Марија Кичевска-Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Давиде Буфоне од Италија и Мирослав Митрашиновиќ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace