2 април, ден посветен на информирање и активизам за аутизмот кој се одбележува од 2008 година.
Воведен е со одлука на Генералното собрание на ООН, усвоен на 18 декември 2007 г. по предлог на Катар и поддржан од сите земји-членки.
Втори април е Светскиот ден на свесноста за аутизмот, ден кој нè потсетува дека околку нас има лица кои не смееме да ги заборавиме и лишиме од општесвените процеси, од времето и просторот кои им се потребни, интеграцијата и инкулизјата. Сите деца имаат свои соништа и желби, а начинот на кој ги остваруваат ги дефинира како личности.

Како родители и луѓе кои се дел од ова општество, мораме да им дадеме доволно простор за да се изразат, да ги поддржиме во нивните мали подвизи и да им покажеме дека не постојат граници, дека можат да бидат сѐ што ќе посакаат!
Без разлика дали попреченоста е вродена или стекната, очигледна или невидлива, секојдневието на овие деца е малку поинакво.
Тие на поинаков начин ги остваруваат своите соништа. И тоа не ги спречува да сонуваат, напротив!
Нивната посебност се состои во нивните способности, а не во пречката во развој.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија