МАНУ сo свечен собир одбележа 110 години од раѓањето на академик Харалампие Поленаковиќ (1909-1984), кој е меѓу основачите на Академијата во 1967 кога бил нејзин потпретседател.
Бил долгогодишен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и основоположник на проучувањето на историјата на македонскиот јазик и литература.
Човекот иницијатор за основање на неколку институции – Друштвото за македонски јазик, Институтот за македонски јазик и Семинарот за македонски јазик, литература и култура. Семејството на Поленаковиќ во 2012 на МАНУ му ја подарил библиотеката на академикот во која има ретки книги.
На собирот по повод годишнината од раѓањето на Харалампие Поленаковиќ обраќања имаа и академиците Влада Урошевиќ, Зузана Тополињска и Катица Ќулавкова.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“