БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во тек спроведување на проект “Едукативен центар за безбедности здравје при работа во Источен плански регион” од страна на РЦЗ Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на проектот  „Едукативен центар за безбедности здравје при работа во Источен плански регион“ во сабота (13.04.2019 година) во просториите на Регионалниот центар за застапување во  Делчево се одржа втората работилница наменета за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во делот на управувањето со човечки ресурси. 

На работилницата присутните имаа можност да дискутираат за моменталните состојби во секторот кога станува збор за регрутирање и управување со кадар, колку се посветува внимание на оваа област и кои документи треба да ги поседува невладиниот сектор за да биде успешен во управување со човечките ресурси. 

Проектот кој ќе се реализира во период од 8 месеци ќе биде поделен во три фази. Првата фаза е комплетно наменета за работилници за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во делот на организациска самопроценка,  управување со човечки ресурси и финансиско работење додека втората фаза е наменета за активности поврзани со формирање на мрежа на граѓански организации кои дел од својата работа ќе ја насочат кон промовирања и залагања во областа безбедност и здравје при работа што ќе биде регулирано со меморандум за воспоставување мрежа и акциски план врз основа на кој ќе се одвива работењето на мрежата. Третата фаза од проектот ќе се одвива паралелно  со првите две и ќе се однесува на формирање центар за БЗР за источен плански регион кој на едно место ќе ги координира сите заинтересирани страни кои директно или индиректно се вклучени во активности за безбедност и здравје при работа .  Како целни групи ќе бидат опфатени граѓанските организации, бизнис секторот, стручната јавност и медиумите од источно планскиот регион.  

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Проектот е финансиран од Европската Унија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа.

Креирано од:


Пренеси го гласот