БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Повик до фирмите кои имаат потреба да обезбедат квалификувани работници преку обука

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки завработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република (терминот на “с”) Македонија, за  мерката  3.2 Обука за стручни квалификации според барање на работодавачите, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република (терминот на “с”) Македонија и имплементиранаво соработка со УНДП, на ден 25.02.2019 година се објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

работодавачи

Се повикуваат работодавачите кои имаат потреба да обезбедат квалификувани работници преку обука, да се пријават во Работните клубови на Агенцијата за вработување на Република (терминот на “с”) Македонија за учество во оваа мерка.

Обуката ќе ја спроведуваат верификувани спроведувачи на обука , согласно претходно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и/или Министерство за образование и наука.

Работодавачот е должен да вработи 50% од лицата што успешно ја завршиле обуката со полно работно време во траење од 6 месеци и за истиот период  да не го намали бројот на вработени лица на неопределено време, освен ако причините за престанокот на работниот однос е по поради  остварување на право на пензија, смрт, неспособност за работа.

Заинтересираните работодавачи за учество во мерката можат да аплицираат до крајот на тековната година (31.12.2019), односно се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

Правата и обврските помеѓу АВРСМ, УНДП, работодавачите и спроведувачите на обука  ќе бидат уредени со склучување на меѓусебни договори.

Заинтересираните работодавачи можат да поднесат Пријава за учество во Центрите за вработување, секој работен ден од 09:00 – 14:00 часот.

Детални информации за мерката можат да се добијат во работните клубови на 30 центри за вработување и на контакт телефонот 02-3111-850 лок. 114, како и на веб-страните www.av.gov.mk.

Креирано од:


Пренеси го гласот