Драмската претстава „Лимонада во друштво на директорот“, ќе биде дел од официјалната програма на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, во конкуренција на 18 претстави за деца и возрасни.
Кичевските драмски аматери најпрвин се претставија пред своите сограѓани , а сега и пред кочанската публика на 29 мај во домот на културата „Бели Мугри“ со почеток во 20 часот.
Драмската претстава „Лимонада во друштво на директорот“, која премиерно ја изведовме на матичната сцена во Кичево на 9 мај, ќе биде дел и од Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, што кон крајов на месецов ќе се одржи во овој град.
Со овој избор навистина сме почестени, бидејќи се најдовме во силна конкуренција на драмски претстави на реномирани театри од Србија, Бугарија и нашата земја. Тимот кој ја игра оваа претстава е во интензивни подготовка, за во најдобро можно светло да се претстави на овој традиционален фестивал.
– изјавил Михајло Петрески, режисер и носител на една од главните улоги.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември