По повод денешниот голем празник со кој се славо делото на Светите браќа “Св. Кирил и Методиј” Тереза Филобок која е познат и признат граѓански активист како во Делчево така и во поширокиот Брегалнички регион, обрати внимание на една значајна појава за која не многу граѓани се осмелуваат да прозборат.
Таа на својот фејсбук профил напиша:
“Денеска локалната власт прави активности и лицемерно говори за значењето на празникот Свети Кирил и Методиј додека во регионот на Брегалничката мисија поставија букви со име на општините Делчево, Берово и Пехчево на нечие друго писмо.
Градоначалници, советници, директори на образовни институции, како дозволивте?
На кое писмо се буквите?
Според кој закон?
Со каква цел?
Ако е во функција на туризам, грешите и тоа многу! Направете ги во кирилица и ставете информативни табли со текст на неколку светски јазици дека Македонија е земјата каде е створена кирилицата. „Продадете“ легенди, приказни и факти од историјата на овој крај, а не ова! Каков пример им давате на младите?!
Господине премиер Зоран Заев, господине претседател Стево Пендаровски, што правиме со кирилицата?”




СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип