Во неколку реда, со овој текст сакам да искажам едно поинакво, различно размислување за револуциите и нивното влијание врз политиката и политичките уредувања низ светот. Ова за познавачите на политиката како наука, а не како пазар со народни и сопствени интереси, нема да им бидe кој знај колку ново, а истото важи и за познавачите на светската историја. Се разбира дека ова гледиште искажано тука во овој текст е нешто поинаковo од другите, но мислам дека ситуациите мораат да се гледаат од сите аспекти, широко, а не кратко и тесно.
Револуцијата на фармерите против кралот Џорџ во 1776 година и прогласувањето на независност на САД е тест проба како би одело прекројувањето на светскиот поредок низ светот, а пред се во Европа. Револуцијата на фармерите е камен темелник на денешната САД империја која меѓу другото е една од најголемите империи во историјата, рамо до рамо со Византија, само што империјата САД зафаќа поголема територија од Византија, а Византија траела подолго време.
Републиканската САД империја профункционира одлично, а потоа со своето влијание се пресели на Стариот Континент и полека но сигурно ги урна сите империи од предходното уредување и се воспоставија нови поредоци со поинаков систем на владеење.
Почнувајќи од Француската револуција во 1789 година па се до крајот на Втората Светска војна, сите револуции имаат само една цел, а тоа е да го прекројат политичкиот систем во светот. Младотурскара револуција и Балканските војни беа направени со цел да се уништи Османлиската империја. А намерата на Првата Светска војна е конечно да се ликвидираат сите империи од стариот свет. Во 1917 година на територијата на Русија беше активирана и Болшевичката револуција со која се стави крај на руската империја. Потоа во повечерието на Првата Светска војна, делегација на САД доаѓа со 12 точки со кои сите европски држави треба да се откажат од своите колонии и со тоа да се стави крај на империите. Но таквиот предлог беше експресно одбиен, а по самиот крај на тој состанок се чекаше моментот на почетокот на Втората Светска војна.
По завршувањето на Втората светска војна, настапи тотална доминација на САД и целосна контрола на капиталот, нафтата, златото и др. Сега во модерниот свет, на секое петтолетие имаме по некоја револуција за ослободување од режим и воспоставување на демократија. После Втората Светска војна имаме над 60 жаришта каде што се војувало ширум светот, а ете сега сме на прагот на отворање на ново жариште во Венецуела и нормално на уште неколку други места.
Сите овие револуции почнувајќи од Француската револуција, па заклучно со сите либерал-шарени револуции, каква што имавме и во Македонија, имаат за цел од државите да направат вистински Дизниленд. Да не се остави камен на камен, да се осквернави се што е добро, да се фаворизира деструкцијата, добро замотана во чоколадирана обланда. Во себе сите тие револуции, без разлика дали водени со оружје или со бојадисyвање на згради и споменици, го носат најголемото зло, а тоа е либерализмот.
Преку либерализмот, прво и основно, се намалува улогата на семејството. Материјата е на прво место, лагоден живот во помали заедници, без обврска кон општеството, а со промоција само на правата. Промоција на проституција и легална дрога како туризам и угостителство, коцкарници како адреналински забави и единствен излез од сиромаштијата. Упростување на образовниот систем, се со цел креирање на ограничени робови кои подоцна би биле евтина работна рака и ништо повеќе. И како примарна цел, либерализмот го има она што се вика оддалечување од Господ Бог и од религијата.
Кога една држава се претвора во Дизниленд, секој е заглавен во тој урнебесен свет, од вртелешки, луди железници, привидни бајки кои траат до крајот на работното време. Многу е лесно да се контролира народот кога е доведен во една таква ситуација. Во таква Дизниленд ситуација на секој народ му се прави една психолошка анализа, му се дозира задоволство и угодност, се прави една привидна слобода, која до тогаш, ко бајаги ја немало, а потоа наеднаш, додека се сети, му се одзема се и се носи криза која го тера народот на питачки стап со цел да се профитира од таа збрка, од таа креирана матешина.
За да проверите дали е сето ова вака, немојте да одите далеку. Доста е да се навратите на настаните од Шарената Револуција во Македонија и да видите што таа направи од Македонија. Шарената Револуција сруши режим, а ни донесе растурен систем, сиромаштија, задолжувања, криминал и корупција на највисо ниво. Необработено земјоделско земјиште, напуштени домови, иселување, лош правосуден систем. На чекор сме до легализација на дрога, на чекор сме до легализација на истополови бракови и проституција. Разорен безбедносен систем, распадната армија, лошо структурирана полиција, партизирана администрација и неколку стотици илјади мигранти кои чекаат на граница. Најлошо од се е тоа што македонскиот народ е укинат како народ со преспанскиот договор, променето е името на нашата држава и доведени сме на чекор до федерализација или кантонизација.
Вистинска збрка, вистински Дизниленд.
Пишува Виктор А.К.А. Башлак,
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штипјанец во Струга пријавен дека физички ја нападнал својата сопруга
Оператор со погребални услуги во Берово откопувал човечки гробови и остатоците од човечки тела ги закопувал на градежна депонија
И ова е казниво дело: Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава